Најголемиот телескоп во светот ќе биде во Чиле

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Во чилеанската пустина Атакама започна изградбата на гигантски Магеланов Телескоп кој ќе биде најголемиот во светот.4503240

Главното огледало на телескопот поделено со 7 сегмента, ќе биде со дијаметар 25,4 метри. Ова ќе им овозможи добивање на 10 пати јасна слика од предложената од вселенскиот телескоп “Хабл”. Телескопот ќе биде заштитен од купола со висина на 22-катната зграда.

Научниците се надеваат дека со помош на новиот супертелескоп ќе можат да добијат повеќе информации за црните дупки и другите природни вселенски објекти кои се наоѓаат надвор од Сончевиот систем. Огромниот Магеланов Телескоп ќе помогне и за изучување на древните галаксии и воопшто за потеклото на универзумот. Со негова помош ќе можат да бидат откриени и повеќе екстрасоларни планети, односно погодни за живот поради сличноста со Земјата и потенцијален нов дом на човештвото во далечна иднина.

Огромниот Магеланов Телескоп ќе биде лоциран на 2.500 метри надморска височина. Ќе започне да функционира во 2021 година. Во проектот, кој е во вредност од над 500 милиони долари, учествуваат САД, Австралија, Бразил, Јужна Кореја и Чиле.