Најголемите грешки што можете да ги направите при правењето скара

од Vladimir Zorba
359 прегледи

Англиската агенција за стандарди за храна носи неколку совети како да го подготвите и третирате месото што ќе го печете на скара за да избегнете можно труење со храна.

За да избегнете труење со храна, внимавајте каде го ставате сировото месо. Одделете ги парчињата пред печењето и користете различни лонци и прибор за готвење.

Исто така, не користете маринади кои биле во контакт со сирово месо на печеното месо.

Скара за еднократна употреба

Ним им треба повеќе време за добро да се загреат, затоа секогаш внимавајте месото да е доволно печено така што ќе пресечете парче месо на половина и проверете дали има останати сирови делови.

Готвење на храната пред печење на скара

Ова е одлична идеја. Така можете да го ставите пилешкото во рерна пред скарата, па само довршете ја на неа. Ќе ја почувствувате таа фина арома на чад, а во исто време ќе бидете сигурни дека месото е целосно испечемо.

Изгорено не значи печено

Тоа што месото на оган поцрнело, не значи дека е добро внатре. Редовно вртете го месото, а пред јадење задолжително проверувајте го меленото, пилешкото месо и колбасите.

Не мијте сирово пилешко

Со миење на пилешкото, бактериите од него можете да ги пренесете на вашите раце и предмети за готвење. Високите температури ќе ги убијат сите бактерии, па затоа нема потреба претходно да го миете месото

Слични содржини