Сексот е нешто што мажите (а и жените) обожаваат да го практикуваат колку е можно почесто. Исто така тоа е и нешто што може да ги исполни со грижи, нерви, да ги разбуди комплексите и да го претвори доживувањето во стресно, наместо пријатно. Причината е дека луѓето имаат различен организам, самоконтрола и вештини.
Еве и кои се најголемите грижи на мажите во кревет:
– Предвремена ејакулација! Ниту една жена нема да остане воодушевена, ако чинот трае помалку од една минута!
– Неумешност во оралните вештини. Мажите сакаат жените да го цицаат и лижат машкото достоинство, но и дамите сакаат ист однос и внимание кон нивните интимни делови. Всушност, постојат жени кои признаваат дека не би биле со маж кој не го владее оралниот секс.
– Неумешност во бакнувањето. И тоа е уметност! Добрата вест е дека ако на жената навистина ѝ се допаѓа партнерот, таа ќе вложи напори да го научи на “вистинскиот” бакнеж.
– Доволно голем ли ми е? Вечното прашање што мажите си го поставуваат. Така и не сфаќаат дека големината не е важна, ако не поседуваат никакви вештини.
– Мирисот на органот. Интимните органи и на двата пола бараат посебна и редовна хигиена, бидејќи поради многуте набори, слоевите облека и близината до други органи брзо добиваат непријатна миризба. Најдобро е непосредно пред самиот секс да поминете под туш.
– Срам од звуците за време на актот и валкано да зборуваат на соодветен начин. Стенкањето е симбол не само на болка и замор, туку и на задоволство, па при секс тоа е сосема нормално, па дури и очекувано. Што се однесува до разговорот, најбезбедно за еден маж е да направи партнерката да се опушти, да и дава комплименти и т.н. Ако не умее да зборува “валкано”, подобро да си молчи.