Најголемите непријатели станаа соиграчи – Беверли во Лејкерс

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Американскиот кошаркар Патрик Беверли е ново засилување на Лос Анџелес Лејкерс.

Искусниот шпиц Патрик Беверли е трејдуван по втор пат ова лето, бидејќи по доаѓањето во Јута Џез од Минесота Тимбервулвс, сега е испратен во Лос Анџелес Лејкерс.

Официјално беше објавено дека челниците на Лос Анџелес Лејкерс и Јута Џез се договориле и го испратиле Беверли во Калифорнија во замена за Тејлен Хортон Такер.

Овој трејд е особено интересен поради фактот што сега Патрик Беверли и Расел Вестбрук станаа соиграчи, а добро е познато дека двајцата се во многу лоши односи.

Да потсетиме дека минатата година Патрик Беверли смени три тима за три дена: Лос Анџелес Клиперс го размени Беверли во Мемфис Гризлис, заедно со Ражон Рондо.

По само 36 часа, Мемфис потоа го размени во Минесота.