Најголемите производители не го поддржаа укинувањето на јагленот како извор на енергија

од Milan1

Барањето за укинување на јагленот како извор на енергија вчера го поддржаа уште 23 земји на климатската конференција на ОН, но на тоа се уште се противат најголемите производители на горивото што го предизвикува глобалното затоплување.

Самитот КОП26 се обидува да најде начин да се постигне целта за ограничување на глобалното зголемување на температурата на 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриските нивоа.

Емисиите на штетни гасови од согорувањето на јаглен поединечно придонесуваат најмногу за климатските промени, така што намалувањето на неговата употреба е клучно за постигнување на климатските цели.

Ветувањето за укинување на јагленот не го поддржаа Австралија, Индија, САД и Кина, кои поседуваат повеќе од половина од сите термоелектрани во светот, а планираат да изградат повеќе.

 

Слични содржини