“Во атмосфера на апсолутна идила” руски националисти и нивни истомисленици од конзервативни и екстремно десничарските партии во ЕУ заклучија дека треба заедно да се борат и против САД, и против модата за толеранција и откажување од традиционалните вредности – модата “, која ја голта Европа “. Така рускиот весник “Комерсант” го опишува вчерашниот Меѓународен руски конзервативен форум во Санкт Петербург.

Форумот беше организиран по иницијатива на луѓе од партија “Татковина”, но првите нејзини лица ја игнорираа средбата, пишува “Комерсант”. Основач и имплицитно лидер на “Татковина” според руски медиуми е вицепремиерот на федерацијата Дмитриј Рогозин.
На оваа прва од ваков вид манифестација “руски, француски, италијански и грчки националисти непрестајно си раскажуваа меѓусебно како во нивните земји ги потиснуваат конзервативците, подига глава хомосексуалната пропаганда и колку им е жал за народот во” Новорусија “(како ги нарекуваа неодамна руските лидери сепаратистичките територии во источна Украина), посочува весникот.
Леви движења во Русија го нарекоа конгресот фашистички и побараа властите да не го дозволуваат настанот, но без успех, забележува тој.
Меѓу учесниците изданието наведува дека бил и Алексеј Милчаков – “армиски офицер” на самопрогласената Доњецка народна република и поранешен скинхед, “прочуен пред неколку години” со селфијата низ социјалните мрежи, “позирааше со знамето на нацистичка Германија, или со отсечена глава на кутре “.
“Ако сакате да видите нацисти, погледнете кон Вашингтон или Киев!”, викал на трибината ,според весникот, Ник Грифин, делегат од Британската национална партија.
Закана за бомба спречи да биде прифатена предвидената резолуција за заедничко дејствување на руските и странските десничарски партии со цел “промена на европската политика и кон Русија, и во однос на приврзаниците на конзервативните вредности воопшто”, додава весникот, цитирајќи руски говорник,кој ја претставил регулативата.
“Комерсант” раскажува и за протестите во близина на”неколку десетици јаки млади луѓе кои себе се нарекле антифашисти” – неколкумина дури биле “ставени во арестантски автомобили” од руската полиција.
“Полицијата ја штити слободата на собирање од антифашисти”, коментира во наслов “Независимаја газета”.
“Лајт мотив во изјавите на форумот беше заканата за Русија и Европа од страна на САД, а израз се според учесниците украинските настани, а исто така хомосексуалците и лезбејките. Учесниците сметаат дека треба да ја спречат Европа да биде претворена во дел од Третиот свет”, пишува весникот.
Партија “Татковина” свика ултрадесна интернационала, пишува “Нови известувања”, но го цитира политикологот Борис Кагарлицки, убеден дека не се очекуваат никакви политички последици “во форма на бараното обединување на конзервативните сили во Европа”.
Тоа е “само уште една поделба на средства под масата. Целата активност кај нас се гради на проектниот принцип. Било оитребно на тој начин да се одговори на политичките предизвици. Некои групи само уште еднаш добија пари”, објаснува рускиот аналитичар.