Најинтересните зачини во светот

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Сите ние користиме зачини и додатоци за да ја збогатиме храната што ја конзумираме. Обично, најкористените и распространети додатоци се оцет, маслиново масло, сол и бибер.4423339

Фудпанда, пак, избра некои од најчудните зачини во светот.

1. Банана кечап, Филипини

Овој чудно именуван кечап, направен од банани, шеќер, оцет и зачини датира од Втората светска војна, кога имало недостиг на домати. И до денес Филипинците, го користат овој кечап, за да зачинат омлет или плескавица.20130205-239726-banana-ketchup-thumb-625xauto-304010

2. Мармајт, Холандија

Тоа е кафеава паста, приготвена од отпадните производи од пиварската индустрија. Се ддава  екстракт од квасец и малку лимон. Најчесто се премачкува врз тост.

3. Жеотгал, Кореја

Жеотгал се прави од ферментирана риба, кавијар или рибни црева. Тој често се користи како сос или зачин, и е особено популарен за зачинување на супи. 4

4. Рибин сос, Тајланд

Рибиниот сос звучи премногу вкусно, но кога ќе видите што содржи, ќе се премислите. Овој сос се прави од ферментирано аншоа, сол и вода. Оваа кафеава течност е клучна компонента во тајландската кујна и се користи наместо кари.worcestershire_sauce_16x9

5. Сос Ворчестер, Велика Британија

Сосот е направен од Викторијанските хемичари Леа и Перинс и се прави со мешавина од оцет, меласа, шеќер, сол, аншоа, екстракт од тамаринд, кромид, лук. Првично беше прогласен за неупотреблив, но денес е незаменлив дел од британското кулинарство.

6. Ферментирана урда, Јапонија

Коцките ферментирана урда се силни на  вкус и се жртви на речиси секое јадења со ориз. Оваа урда ферментира за минимум шест месеци.

7. Силно зачинета маринада, Индија

Еден од индиските чудни деликатеси е силно зачинетата маринада со светла жолта смеса од кисел зеленчук и зачини. Никој не знае точно од каде доаѓа, иако се смета дека може да била инспирирана од киселите краставички консумирани од Британците во колонијална Индија.