Најлесниот рецепт за најпознатиот француски десерт

од Elena Daskalova
373 прегледи

Макаронсите се можеби најпознатиот француски десерт со неодолив изглед и уште поубав вкус.

Општо е познато дека нивната подготовка е долга и тешка, но ова е рецепт благодарение на кој за кратко време ќе ги имате на вашата маса.

Состојки:

4 белки
70 гр шеќер
230 гр шеќер во прав
120 гр ситно мелени бадеми
Прстофат сол
Прехранбена боја
Фил по желба (шлаг, крем, џем…)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 150 степени. Белките и шеќерот изматете ги со миксер, додека да добиете цврст снег. Додадете прехранбена боја и матете уште малку.

Просејте ги бадемите и шеќерот во прав, за да ги отстраните сите грутки. Постепено спојувајте ги со белките. Смесата треба да биде густа и да не се разлева. Наполнете во готварски шприц.

На хартија за печење со шприцот обликувајте мали топчиња, на доволно меѓусебно растојание. Печете 15-20 минути.

Изладените колачи лепете ги еден со друг со фил по избор.

Слични содржини