Хеликоптерот “Bel 525 Relentles” уште се развива, но се очекува за првпат да полета оваа пролет и да биде најлуксузниот во светот.
Пространа кабина од осум квадратни метри е доволен простор за голем број на технолошки уреди и забавни додатоци кои обично можат да се најдат во приватните авиони.
ВИП верзијата на хеликоптерот е со големи столици, конференциска сала и мала кујна и ова се само некои од предностите на овој хеликоптер. Тој е првиот со полуавтоматска пилотската кабина. Може да лета со брзина од 280 километри на час. Цената на луксузниот хеликоптер сѐ уште не е позната.