523
Пејачката Маја Шупут на 19 март роди момче, а набрзо се огласи и на социјалната мрежа Инстаграм.
Таа објави фотографија од бебето, на која се гледа дека веќе има многу коса и ја држи за прстот. Сепак, Маја сè уште го крие името на момчето, но изрази како се чувствува во моментот:
– Овој мал стисок од неговата рака, од првата секунда е најмагичниот момент што ќе го паметам и ќе го чувам засекогаш. Мојата најголема љубов, мојот живот, моето сè – напиша Маја.