Најмалку 10 години хаос во економијата по брекзитoт – штетите 300 милијарди евра

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Што ќе се случи по брекзитот на економски план? Веќе имаше многу прогнози, но вистината е дека се уште јасна слика нема.

Image_5602129_126
– Ајде прво да почекаме да слегне правот и тогаш да се обидеме да ја намалиме штетата, изјави германкиот министерот за финансии Волфганг Шојбле.
– Од излегувањето на Велика Британија од ЕУ треба да направиме она што е можно најдобро, истакна тој.

Германија веќе проценува колку точно ќе ја чини брекзитот. По 700 евра годишно ќе треба да плати повеќе секој Германец, за да ја израмни загубата од повлекувањето на третиот по големина венцувач во европски буџет и да се покријат загубите за економијата на Германија и намалувањето на субвенциите.

Всушност не може да се каже дека има дефицит на студии, пресметки и студии за последиците од излегувањето на Лондон од заедницата. Без разлика дали тие ја поддржуваат или критикуваат одлуката за брекзит, едно од нивните заеднички заклучоци е дека економијата на островот ќе страда, бидејќи излегувањето од ЕУ ќе е најскапо токму за Британците.

Половина од британското производство се извезува во земјите од ЕУ, а малку над 50% од увозот е од ЕУ. Тоа значи дека промената на условите за трговија сега ќе предизвика познат хаос и проблеми. Се очекува со излегувањето од заедницата производството да се сруши со 14%, што според пресметките на фондацијата “Бертелсман” значи 300 милијарди евра.

Што точно ќе се промени уште засега е тешко да се прогнозира, бидејќи тоа ќе биде предмет на разговорите меѓу Лондон и ЕУ во следните 2 години.
Член 50 од Лисабонскиот договор предвидува двегодишен рок за конечното напуштање на заедницата, во рамките на овие две години се договараат условите. Постои можност, сепак овој рок да се продолжи. Според британската консултантска фирма “Глобал кансл” фазата на несигурност ќе трае најмалку 10 години, а можеби и повеќе.

Како ќе заврши овој процес зависи и од ЕУ. Ако Брисел одлучи да е тврда при изолацијата на Велика Британија од страна на заедницата, тогаш е катастрофално сценариото и колапс од 14% на нејзината економија што можеби и ќе се оствари. Ако сепак Европа одлучи да прави компромиси и да изгради односи со Велика Британија како со Швајцарија, брекзитот може да чини не 300, туку само 14 милијарди.

Британците имаат интерес да водат преговорие, така што нивните фирми да не загубат целосен пристап до внатрешниот пазар. Интересот пка на европските компании да не загубат пристап до британскиот пазар има и ЕУ. “Премногу можно е да дојде до склучување на некаков вид договор за слободна трговија”, смета Ролф Ведер од Универзитетот во Базел.

Уште поголем ќе е проблемот со слободата на услугите што беше важна предност за финансискиот центар во Лондон.

“ЕУ ќе внимава многу да не е премногу љубезна со Лондон, за да не охрабри и другите земји да ја напуштат”, смета Ведер. Во меѓувреме брекзитот ги разнишаа берзите, така фунтата падна на рекордно ниско за последните 31 години ниво и стигна до 1,3229 долари. Таа сега вреди 11% помалку објави Банката на Англија, која рече декаќе направи се што е можно за да се обезбеди стабилност. Од ситуацијата освои јапонскиот јен, бидејќи тоа се смета за сигурен пристап во кризни времиња. Еден долар веќе чини помалку од 100 јени – поточно 99,02 јени. Од истата причина се зголеми вредноста и на швајцарскиот франк.