242
Најмалку 10 луѓе се повредени во пукање со огнено оружје на собир на победниците во Супербол – Канзас Сити, соопшти локалната полиција.
Полицијата во Канзас Сити објави дека биле регистрирани пукотници во близина на станицата Унион, каде што само неколку моменти претходно играчите на Канзас Сити – Чифс (американски фудбал) им се обратиле на навивачите.
„Секој кој е во близина треба да ја напушти областа што е можно побрзо за да го олесни пристап на медицински тимови за жртвите од пукањето“, објави полицијата на X, поранешен Твитер. Полицијата соопшти дека „две вооружени лица“ биле приведени по инцидентот.