Најмалку 11 луѓе загинале, а шестмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа во покраината Ван, на истокот на Турција.

До несреќата дошло кога се судриле два минибуса во округот Ерчис, објавија локалните медиуми.
Минибусот што превезувал студенти се судрил со друг минибус што доаѓал од спротивен правец.
Полицијата покрена истрага.