Најмалку 12 студенти загинаа во судар на автобус и камион во Бразил

од Aneta Risteska
27 прегледи

Најмалку 12 студенти загинаа, а 21 се повредени во судир на автобус и камион на автопат во југоисточниот дел на Бразил, соопшти денеска полицијата.

Во соопштението се наведува дека возачот на камионот, кој исто така бил повреден, се обидел да побегне од местото на несреќата, но бил фатен и хоспитализиран, пренесе АП.

Возачот подоцна доби кривична пријава за обид за бегство, убиство и нанесување телесни повреди.

Локалните телевизиски станици пренесуваат снимки од местото на несреќата, на кои се гледа автобус со левата страна целосно уништена во сударот.

Во бразилската држава Сао Паоло, каде што се случи несреќата е прогласена тридневна жалост.

Повеќе од 10.000 луѓе загинаа во сообраќајни несреќи во Бразил минатата година, соопшти Министерството за транспорт.

Слични содржини