Најмалку 13 лица загинаа во минофрлачки напад на свадбена веселба и во експлозија на бомба близу патот во близина на пругата во Авганистан, соопштија денеска локалните власти.
Најмалку седум цивили беа убиени и тројца ранети во североисточната провинција Каписи откако беше испукана минофрлачка граната на свадба во областа Тагаб, потврдија неколку официјални лица.
Во западната провинција Херат, шест припадници на безбедносните сили што ја чуваа пругата меѓу Авганистан и Иран беа убиени во експлозија на бомба на патот во областа Горјан, изјави гувернерот на провинцијата Вахид Катали.
Управата за авганистански железници исто така го потврди инцидентот.Талибанците поставуваат бомби покрај патот за борба против провладините сили низ целата земја.
Во Авганистан насилството се влоши во време кога Соединетите држави и НАТО ги повлекуваат своите сили од таа земја.