213
Најмалку 17 лица загинаа, а 41 се повредени во Кабул, откако Талибанците пукаа во воздух во чест на, како што тврдат, освојувањето на Паншир, последната авганистанска провинција која не беше под нивна контрола.
Тоа е кажано во амбулантата за агенцијата РИА Новости.
Претставниците на талибанското раководство ги повикаа поддржувачите да престанат да пукаат и предупредија дека на сите што ќе пукаат во воздух ќе им биде одземено оружјето, а сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Талибанците вчера соопштија дека ја презеле контролата врз Паншир, но Националниот фронт за отпор (НРФА) Паншир ги отфрли тие тврдења.