Најмалку 20 лица загинале во градот Газа додека чекале хуманитарна помош

од Stefanija Kuzmanovska
656 прегледи

Најмалку 20 лица загинаа, а околу 150 се ранети кога во израелско гранатирање била погодена група Палестинци кои чекале хуманитарна помош во градот Газа.

Новинарите од местото на настанот известија дека луѓето чекале помош која доаѓала од југот, на главниот пат на Салах ал-Дин, а локалните извештаи наведуваат дека има многу жртви и дека покрај гранатирањето, се слушнало и пукање, пренесе Си-Ен-Ен.

Портпаролот на министерството за здравство, Ашраф ал-Кидра, рече дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми, бидејќи многумина се во тешка состојба и се префрлени во болницата Шифа, која нема доволно капацитет да им обезбеди соодветна грижа.

Некои од повредените се пренесени во болницата Ал Ахли, според Си-Ен-Ен, кој ги прашал ИДФ (Израелските одбранбени сили) дали има воени операции во близина на локацијата.

Одговорот бил да се проверат извештаите за смртта на Палестинците.

Израелските војници и тенкови влегоа во градот Газа веднаш по почетокот на копнената инвазија, на крајот на октомври, и се борат со екстремистите таму речиси два месеца.

Армијата тврди дека најмногу го поразила Хамас во северниот дел на Газа, но дека се уште има џебови на отпор, пренесе „Асошиејтед прес“.

Офанзивата збриша цели населби и предизвика широко распространето уништување ширум тој дел на Газа, предизвикувајќи загриженост за тоа дали стотици илјади Палестинци кои ги послушале израелските наредби да се преселат на југот, некогаш ќе можат да се вратат.

Слични содржини