17
Најмалку 20 училишта во Унгарија денеска се евакуирани поради закани за бомби, објави унгарскиот портал Индекс.
Премиерот на земјата Виктор Орбан изјави дека е во контакт со министерот за внатрешни работи и дека безбедноста ќе биде зголемена поради заканите.
„Ќе ја зголемиме безбедноста во предметните училишта и ќе ги истражиме заканите со бомби“, сподели Орбан на Фејсбук, пренесе МТИ.