Најмалку 28 загинати од експлозијата во рудникот во Турција

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Турскиот министер за здравство соопшти дека најмалку 28 рудари загинале во експлозијата во рудникот во Бартин.

„Правиме се што можеме да ја подобриме состојбата на 11-те хоспитализирани пациенти“, рече Фахретин Коча.

Во експлозијата во рудникот за јаглен во провинцијата Бартин, на северот на Турција, животот го загубија 28 лица, а десетици останаа заробени под земја.

Експлозијата се случила на 300 метри од влезот во рудникот вчера околу 15 часот и 15 минути, соопшти кабинетот на гувернерот Бартин.

Во моментот на експлозијата во рудникот имало околу 110 луѓе, од кои речиси половината на длабочина од 300 или 350 метри под земја.

На местото на експлозијата биле распоредени 149 лица, со пет возила и 31 амбулантно возило.

Слични содржини