320
Најмалку 29 лица загинаа, а 50 беа спасени од запалениот брод на филипинскиот воен транспортен авион Локид Ц-130 Херкулес, кој се сруши за време на маневарот за слетување во селото Бангкал, во провинцијата Сулу.
Двајцата пилоти ја преживеаја оваа најтешка несреќа на филипинските воздухопловни сили во последните 30 години, но четворица селани кои беа на местото на несреќата беа сериозно повредени, пренесува АП.
Авионот превезувал војници, од кои повеќето штотуку биле приклучени на армијата, во провинцијата Сулу на воена обука, а министерот за одбрана на Филипините Делфин Лорензана потврдил дека сите патници биле членови на армијата кои служеле на аеродромот Лагиндинган, на околу 460 километри североисточно од местата на несреќата.