Најмалку 30 загинати во нов конфликт на Блискиот Исток

Борбите почнале вчера во град во јужна Сирија претежно населен со Друзи

од desk2
10 прегледи

Во најновиот судир што се случува во Сирија, при што се судрија борците на сунитските Бедуини и милиции на Друзите, инаку поддржувани од Израел, загинале најмалку 30 луѓе, објави министерот за внатрешни работи на Сирија.

Борбите почнале вчера во град во јужна Сирија претежно населен со Друзи, наводно откако еден друзитски трговец бил киднапиран на автопатот кон Дамас.

Друзите се припадници на шиитска гранка на Исламот.

Слични содржини