377
Најмалку 31 лице загинаа во поплавите во Белгија , според официјалните податоци објавени од властите вечерва, кои додаваат дека операциите за спасување се завршени.
“Опасноста повеќе не ги загрозува погодените области. Спасувачките операции се завршени, но потрагите сè уште траат во голем број зони”, изјавија од белгискиот центар за кризи.
Се бараат 163 лица
Според податоците, во саботата вечерта имало 27 жртви. Кризниот центар објавил дека „163 граѓани се водат за исчезнати во неделата, наспроти 103 во саботата“.
Во поплавените подрачја, главно на југот и истокот на земјата, полициските службеници ги посетуваат куќите и бараат жртви.