Најмалку 47 тела извлечени од урнатините на бегалскиот камп Џабалија

од Radmila Tasevska

Најмалку 47 тела се извлечени од урнатините во бегалскиот камп Џабалија по експлозијата, јавуваат француски медиуми чии дописници се на местото на настанот.

Израелската Армија се уште не ја коментираше експлозијата во бегалскиот камп во северниот дел на Газа.

Министерството за здравство на Газа го обвини израелскиот воздушен напад за експлозијата, наведувајќи дека загинале најмалку 50 луѓе.

Фотографиите направени од британски фотограф покажуваат срамнети со земја згради и тела кои се извлекуваат од урнатините.

Слични содржини