Најмалку 50 училишта во Софија добија закани за бомби

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 50 училишта во Софија утринава добија мејлови со закани со импровизирана експлозивна направа.

Од тамошното МВР соопштија дека наставата е прекината во две од образовните институции.

Во сите образовни институции децата ги изнесуваат во дворот.

Според одлуката донесена минатата недела, Министерството за внатрешни работи мора да размисли за промена кога ќе се поднесе сигнал дали е вистинска заканата или не.

Закани се добиени и на неколку универзитети во Софија.

Пораката испратена до училиштата гласи вака: „Регрутирав многу луѓе во мојата Легија и собравме опрема за производство на бомби и оружје. Ќе пукаме и ги креваме во воздух сите училишта и универзитети во Софија. Можете да го избегнете ова ако префрлите голема количина биткоини во мојот крипто-паричник“.

Слични содржини