Најмалку 53 лица загинаа во поплавите во Иран

од Берта Китинска

Најмалку 53 лица загинаа во поплавите поради интензивните врнежи што ги зафатија областите во близина на Техеран во Иран, соопштија денеска иранските власти.

Мехди Валипур, шеф на операциите за вонредни состојби во Црвената полумесечина, изјави за иранската државна телевизија дека 16 лица се уште се водат како исчезнати по дводневните поплави кои зафатија 400 градови и села во 18 од 31 иранска провинција, пренесува Ројтерс.

Слични содржини