251
Најмалку 56 лица ги загубија животите во поплавите и одроните предизвикани од обилните врнежи во североисточниот дел на Бразил.
Уште 56 лица се водат како исчезнати, а најмалку 25 се повредени, изјави бразилскиот министер за регионален развој Даниел Фереира, пренесува Си-Ен-Ен.
Повеќе од 3.900 луѓе ги загубија своите домови поради разорните дождови.