Најмлаку 67 лица загинаа во големите поплави што ги погодија Германија и Белгија. Огромното мнозинство на жртвите е во Германија, но девет лица го загубија животот во Белгија, вклучувајќи и 15-годишно девојче.
Најтешко беа погодени германските покраини Рајнска област-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија.
Метеоролозите во регионот предвидуваат нов силен дожд за утре, а локалните власти за поплави ги обвинуваат климатските промени.
Локалните власти вчера ја објавија оваа воздушна фотографија на која се гледа големината на поплавата во селото Алтенбург. Еден дел покажува како изгледало селото на брегот на реката, додека другиот дел ја покажува состојбата по поплавата Војници на теренот, прогласена вонредна состојба
Премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, еден од најпогодените делови на Германија, изјави денес дека многу луѓе се уште се во опасност.
Вонредна состојба е прогласена во областа Шулд беј Аденау, во планинскиот регион Ајфел на границата со Белгија и Луксембург, пренесуваат германските медиуми.
Околу 500 војници се распоредени да им помагаат на областите каде ситуацијата е најтешка, соопшти Министерството за одбрана.
ФОТО: Mdi