Најмалку 75 Палестинци повредени во денешните судири со израелската полиција

од Stefanija Kuzmanovska
353 прегледи

Најмалку 35 лица се повредени денеска во судирите меѓу палестинските демонстранти и израелската полиција во комплексот џамија Ал-Акса во Ерусалим и скоро 40 на Западниот брег, само неколку часа по стапувањето во сила на примирјето во Газа

Ерусалимската полиција соопшти дека веднаш по молитвата, стотици Палестинци одржале славенички демонстрации во Ал-Акса во кои мавтале со палестински знамиња и транспаренти на Хамас и фрлале со камења и молотови коктели кон полициските сили, кои одговориле со шок бомби и солзавец.

Палестинската Црвена полумесечина објави дека најмалку 35 лица биле повредени во овие судири и дека близу 40 лица биле повредени во слични немири во повеќе градови на Западниот брег, пренесе ТАСС врз основа на извештај на телевизијата „Ал Арабија“.

Инцидентот се случи откако Хамас повика на „ден на бес“ во Ерусалим, а конфликтите во тоа свето место, кои ги почитуваат еврејската и муслиманската заедница, беа еден од главните иницијатори на вооружениот конфликт меѓу Израел и Палестинците.

Слични содржини