Најмалку 80 делфини пронајдени мртви на брегот на Гана

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Најмалку 80 делфини и голем број риби од петокот се пронајдени мртви на неколку плажи во близина на главниот град на Гана, Акра, а властите започнаа истрага.

Официјалните лица ги предупредија граѓаните да не ги јадат пронајдените делфини и риби, бидејќи сè уште не е позната причината за нивната смрт.

Министерството за риболов објави дека се земени примероци од рибите и водата за анализа, пренесе Ројтерс.

Комитетот за риболов објави дека биле пронајдени меѓу 80 и 100 мртви делфини.

Во февруари беа пронајдени 111 мртви делфини на брегот на Мозамбик, а прелиминарната истрага покажа дека е можно останатите да биле заробени поради ниската плима по циклонот „Гуамба“.

Слични содржини