Најмалку 83 лица загинаа при потонувањето на траектот во Ирак

од desk4
125 прегледи

Ирачките власти соопштија дека најмалку 83 луѓе загинале при вчерашното потонување на претоварен траект во реката Тигар во близина на Мосул.

На траектот имало повеќе од сто луѓе, меѓу кои жени и деца, кои славеле курдска Нова година и доаѓањето на пролетта.

Според ирачките власти причина за несреќата се технички проблеми.

Локалните медиуми објавија дека по несреќата приведени се девет лица кои организираат превоз преку Тигар.