153
Најмалку четири лица загинаа, а десетици се повредени во денешните руските напади врз градови и села во Украина, соопштија украинските власти.
Тројца цивили загинаа, а четворица се повредени кога бомба падна на Одрадокамјанка во јужниот регион Керсон, напиша министерот за внатрешни работи Игор Клименко на Телеграм.
Во Криви Рих, родното место на украинскиот претседател Володимир Зеленски на југот на земјата, во бомбардирањето беше погодена административна зграда, а Службата за вонредни ситуации соопшти дека едно лице загинало, а 44 се повредени.