80
Најмалку четворица рудари загинаа, а двајца се повредени во несреќа во рудникот за јаглен Какањ, која се случила за време на третата смена.
Несреќата во јамата Бегичи-Биштрани се случила во еден час по полноќ, јави управата на рудникот, пренесува Клих.ба. Меѓу повредените рудари еден е потешко, а друг полесно повреден.
Сите останати рудари безбедно ги напуштиле своите работни места и излегле од јамите, додека увид во местото на несреќата вршат дежурниот кантонски обвинител и Федералната рударска инспекција.
Според првичните неофицијални информации до нереќата дошло по уривање на дел од покривот, откако попуштил горниот дел од рударските простории./МИА