280
Најмалку едно лице е тешко повредено во пукање во германско училиште во северниот град Бремерхавен, пишува „Билд“, повикувајќи се на полицијата.
По пукањето едно лице е уапсено, а вториот осомничен е во бегство и е вооружен со самострел, додава „Билд“.
Престрелката се случила во средното училиште Лојд, пренесува „Ројтерс“.