284
Бројот на жртвите на силните бури во двете најнаселени канадски провинции, Онтарио и Квебек, се искачи на најмалку осум, соопштија локалните власти.
Службите за итни случаи продолжија со обновата на уништените столбови за да ја вратат струјата во домовите на половина милион луѓе, објави „Гардијан“.
Невремето, кое траеше повеќе од два часа во саботата попладне ѝ беше со јачина на торнада, остави траги на уништување во делови од провинциите Онтарио и Квебек.