Најмалку осум жртви во експлозија во Кабул

345 прегледи

Најмалку осум лица загинаа, а повеќе од 15 се повредени во експлозија од автомобилска бомба во главниот град на Авгранистан, Кабул, соопшти дднес авганистанското министерство за внатрешни работи.

Портпаролот на Министерството, Тарик Аријан истакна дека меѓу загинатите има деца, жени и стари луѓе, а дека меѓуповредените и член на парламентот, Кан Мохамед Вардак.

Напомнеа дека тоа е само преелиминарен извештај и дека бројот на жртви би можел да биде поголем, пренесува АП.

Експлозијата ги запалила и околните автомобиле и ги оштетила зградите и продавници.

Засега никој не ја презел одговорноста за напад, но во изминатите денови групи врзани со Исламска држава, преземале одговорност за низа напади во Кабул, меѓу кои и оној на образовната институција во која загинаа 50 луѓе, во поголем дел студенти.

Исламска држава ја презеде одговорноста и за вчерашниот ракетен напад на американската база во Авганистан, во која, според НАТО претставниците, немаше жртви.

Слични содржини