Најмалку пет спасувачи загинаа на Филипините по тајфунот „Нора“

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Најмалку пет спасувачи загинаа денеска во акција откако тајфунот „Нора“ го погоди северниот дел на Филипините, кој предизвика поплави, прекин на електричната енергија, додека училиштата и владините канцеларии во главниот град Манила и провинциите беа затворени, пренесе „Ројтерс“.

Гувернерот на провинцијата Булакан, северно од Манила, изјави дека пет спасувачи загинале во чамец кога налетале на урнат ѕид додека се обидувале да ги спасат жителите од поплавената област.

Најсилниот тајфун што ги погоди Филипините оваа година доцна во неделата падна на копно во градот Бордо во провинцијата Кезон и слабееше додека минуваше низ регионот Лузон.

Слични содржини