Најмалку петмина повредени при судир на полицијата и демонстрантите во Барселона

од desk2
168 прегледи

Полицијата во Барселона соопшти дека денеска уапси седум лица за време на судирите со радикалните каталонски сепаратисти, кои протестираа поради политички собир на новоформираната ултрадесничарска партија Вокс.

При протестите полесно повредени се пет луѓе од кои еден е полициски офицер.

Сепаратистите фрлаа камења и палеа дрвја на улиците при судирот со полицијата.

Вокс се обидува да освои први пратенички места во шпанскиот Парламент на изборите што се закажани на 28 април.

Вокс е против каталонското сепаратистичко движење.