Најмалку три лица загинаа во судир на воз и камион во Мисури

од Stefanija Kuzmanovska
236 прегледи

Три лица загинаа, а десетици се повредени кога патнички воз со над 200 патници излета од шините во близина на Мендон, во американската сојузна држава Мисури, по судир со камион за ѓубре, соопштија денеска официјални лица.

Несреќата се случила во понеделникот во 13:42 часот по локално време, изјави портпаролката на железничката компанија Амтрак, пренесе АП.

Две лица загинаа во возот, кој се движеше од Лос Анџелес кон Чикаго, а едно во камионот, а се уште не се знае точно колку луѓе се повредени, додека болниците објавија дека примиле повеќе од 40 пациенти, соопшти полицијата на државата Мисури.

Слични содржини