Најмаркантните сценографии за операта „Аида“

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Онлајн порталот „The red list“ објави фотографии на најмаркантнтите сценографии за операта Аида на Џузепе Верди.

016_aida_verdi_theredlist

 

Џузепе Верди (италијански:Giuseppe Fortunino Francesco Verdi) (10 октомври 1813 – 27 јануари 1901) е роден во скромно гостилничарско семејство во селото Ле Ронколе крај гратчето Бусето, Италија[1]. Уште од рано детство покажувал голем интерес замузиката и извонредна музичка надареност. Како мало момче со часови седел во татковата гостилница, слушајќи ги патувачките музичари како им свират на гостите. На седумгодишна возраст станува член во црковниот хор, а првите часови по музика ги добива од селскиот учител на оргули. Во 1823 год. го презема местото на органист во месната црква. Воочувајќи ја необичната надареност на својот син и сакајќи да му пружи прилика за понатамошен развој, татко му уште истата година го праќа на школување во Бусето, каде под своја закрила го зема неговиот пријател Антонио Бареѕи, угледен трговец од Бусето. Бареѕи бил претседател на Бусетското филхармониско друштво, кое своите проби ги одржувало во неговата куќа. На тој начин Верди имал можност да присуствува на нивните проби и да стекнува нови музички наобразби препишувајќи партитури. Покрај ова учел и клавир кај оргулистот на Бусетската катедрала, кој во 1829 год. го зел за свој помошник. Верди во 1829 год. компонирал една краткасимфонија за филхармониското друштво. Сепак,незадоволен од стекнатото музичко образование, се обидел на деветнаесетгодишна возраст во 1832 год. да се запише на Миланскиот конзерваториум, но неговата молба била одбиена поради недоволно покажано знаење за клавир, а и затоа што ја пречекорил старосната граница предвидена за прием на конзерваториумот. Сепак и покрај ова останал во Милано. Диригентот на миланската Скала, Рола, му советува да земе часови кај истакнатиот педагог Винченцо Лавиња, кој во тоа време бил прв чембалист во Скалата. Посетувајќи часови кај Лавиња, Верди доаѓа во допир со италијанскиот музички театар, кој ќе стане единствена цел на неговото музичко творештво./Wiki.com