223
Веројатно имате свој рецепт за нивна подготовка, но пробајте го и на овој начин! Ова се најмеките кнедли за супа! На сите им успева од прв пат!
Потребни состојки:
50 гр пченкарно брашно
40 гр гриз
100 мл јогурт
1/4 лажичка сол
прстофат шеќер
1 лажичка сечкан магдонос
1 јајце
1 лажица маслиново масло
Подготовка:
Одделете ги жолчките и белките, па изматете ги жолчките со шеќер.
Во белките додадете малку сол и матете ги додека не се формираат цврсти врвови.
Измешајте ги жолчката и белката и нежно измешајте, па додадете го јогуртот, пченкарното брашно, сечканиот магдонос и маслиновото масло.
Лесно соединете ги сите состојки, па со две лажици обликувајте ги кнедлите. Истурете во супата и варете.
На здравје!