Најмногу дожд наврна во Дојран, најстудено утринава во Маврово

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Најмногу дожд до седум часот утринава наврнал во Дојран – 16 литри на метар квадратен, а најмалку во Штип еден литар на метар квадратен.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во Гевгелија се наврнати 15 литри на метар квадратен, во Струмица 13, во Берово 8, во Виница 5, во Претор, Прилеп и Петровец кај Скопје 3 и во Охрид, Маврово, Битола и Демир Капија два литра на метар квадратен.

Најстудено утринава е во Маврово каде се измерени 4 степени, а најтопло во Гевгелија и Битола каде утринската температура е 11 степен.

За денеска синоптичарите најавуваат посвежо и облачно време со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 15 степени.

Слични содржини