(ВИДЕО) Најмногу жалби до СЕММ за некоректно известување и говор на омраза

од desk3
66 прегледи

 

За две години постоење до Комисијата за жалби на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) досега пристигнале 110 жалби, од кои основани биле 84,  неосновани биле 15, а биле прекинати постапките по 11 предмети. Најчести подносители на жалби се граѓаните, самите медиуми и политичарите, а најчести теми се вистинитоста и нефер известувањето, говорот на омраза и навредите и клеветите, информираa претставници на Советот на денешната прес-конференција.

саморегулатори

Извршниот директор на СЕММ Марина Тунева истакна дека значењето на саморегулацијата полека се препознава, но и дека се уште е потребно да се работи активно на информираноста и за значењето и ефектите на саморегулацијата во заштитата на слободата на медиумите и правото на јавноста да биде етички и професионално информирана.

Драган Антоновски од СЕММ рече дека тоа што е битно е оти се прават грешки во професијата и има начин да се исправат, се разбира ако не се намерни.

– Не мора да се да заврши на суд со тужби и казни. Ние работиме со моралните казни и етичкиот кодекс. Може да се згреши и мора да се признае грешката. Тешко е, но мора да се научиме на професионалност и на правила, истакна Антоновски.

Посочи дека Советот за етика е подготвен и веќе е медијатор со медиумите, како и дека медиумите со потпишувањето на Повелбата на 12 февруари се подготвени да го почитуваат кодексот.

Сефер Тахири од ССЕММ, истакна дека бројот на пристигнати жалби и интересот на граѓаните, но и на другите организации и институции влева надеж дека саморегулацијата како процес може да влијае позитивно врз подобрување на медиумскиот систем во земјата./МИА