Индија е првата земја надвор од Германија која го презема производството на најпрестижниот електричен модел на Mercedes.
Mercedes започна со производство на моделот EQS во својата фабрика во Чакан, недалеку од градот Пуна во Индија. Првиот примерок на Mercedes EQS 580 4MATIC е веќе произведен, а на церемонијата присуствуваше и индискиот министер за транспорт Нитин Гадкари, пишува „Index“.
Како што се наведува во официјалното соопштение, ова е првиот електричен Mercedes произведен во Индија, но и 14-ти модел кој ја носи ознаката „Made in India“.
Да ве потсетиме, EQS е еден вид електричен пандан на класата S. Има батерија со капацитет од 107,8 kWh, има технологија од 400 волти, а се напојува од пар електромотори. Со максимална моќност од 385 kW и на располагање 855 Nm вртежен момент, овој ѕвер тежок 2,6 тони и 5,2 метри забрзува до 100 km/h за 4,3 секунди со максимална брзина од 210 km/h.
Досегот, според WLTP, е 676 km, или 857 km според индиските (ARAI) стандарди, што го прави апсолутен рекордер на индискиот пазар во однос на досегот.
Интересно е што Mercedes вети дека до крајот на годината 80% од Индија ќе има достапни ултра брзи полначи, кои ќе бидат резервирани исклучиво за сопствениците на електричниот Mercedes за првата година на употреба. Со EQS, ова значи домет од 300 километри за 15 минути полнење.
Mercedes EQS 580 4MATIC на индискиот пазар започнува по цена од 15,5 милиони индиски рупии или околу 193.000 евра.