НАЈНОВИ ДЕТАЛИ: Две деца, а не жена и дете се удрени од автомобил на Партизанска

од VIktor_P
739 прегледи

Две деца се полесно повредени откако во нив удрил автомобил на булеварот Партизански одреди, објави Канал 5.

Според првичните информации од терен, едното дете било на велосипед а другото се движело пеш кога во нив удрило возилото.

Полицијата и надлежен обвинител прават увид на лице место, а детали најавија до крајот на денот. На децата им е укажана лекарска помош.

Претходно од очевидц се соопшти дека станува збор за мајка и дете, но во меѓувреме излезе информацијата на МВР дека се повредени две деца.

Слични содржини