„Најодвратното нешто што сум го доживеала“: Сидни Свини за непријатностите на сетот на „Еуфорија“

од Stefanija Kuzmanovska
814 прегледи

Актерката Сидни Свини била згрозена од сцената со повраќање на „Еуфорија“ исто како и нејзините гледачи, вклучително и нејзиното семејство.

Сцена во втората сезона го покажа нејзиниот лик Кеси како повраќа во када со топла вода. Она што таа го изјави во емисија, навистина ги згрози гледачите.

„Во многу филмови, луѓето пијат шолја пасирана храна измешана со млеко и вода“, објасни Свини за Hot Ones, додавајќи:

„И тоа е најодвратното нешто, и само го ставаш во уста, го држиш и потоа повраќаш“.

Сем, се разбира, не го сакаше тоа. Тој сакаше да повраќам насекаде, па мораа да земат пумпа и оваа цевка ја залепија и сокрија на моето тело, а потоа компјутерски направија да изгледа како да доаѓа од мојот врат“.

Поставувањето довело до многу непријатен момент за Свини:

„За време на таа сцена ми ја наполнија устата со смеса која изгледа како повраќаница и потоа ја отворив устата и почнаа да ми излегуваат повраќаници од устата. Тоа беше најодвратното нешто што сум го доживеала“

Сцената со повраќање е само еден начин на кој „Еуфорија“ ги прикажа животите на проблематичните тинејџери, кои вклучуваат употреба на дрога и секс.

Свини претходно изјави за Sunday Today дека нејзиниот татко и дедо решиле да ја гледаат серијата против нејзиниот совет, но не поминало долго пред тие да го исклучат телевизорот.

Слични содржини