Инженерите се најдобро платените професионалци во светот, покажува истражувањето на Џорџтаун Универзитетот, цитирано од CNN.
9 од 10-те најпрофитабилните професии за кои се бара високо образование, се инженерски. Апсолутни првенци се луѓето кои се оддале на нафтеното инженерство – нивната просечна плата е 136 000 долари годишно. Ги следат фармацевтите со 113 000 долари. Тие се и единствените професионалци кои не работат во областа на техниката.
Во првата 10-ка влегуваат уште инженерите, специјализирани во металургијата, рударството, хемиското инженерство, електротехничкото, аероинженерство, механика, компјутери и геологијата. Значајно е дека највисоко платени се класичните инженерски професии, а компјутерските програмери се претпоследните во рангирањето.
Извештајот ги анализира годишните плати, добиени од дипломираните на 137 различни универзитетски специјалности. Иако инженерите се најдобро платени, излегува дека административните и бизнис специјалности се најчестите. 8% од дипломирани студенти ги избираат токму нив.