Најплатениот јутјубер во светот има само 9 години (видео)

од Nikola Popovski
597 прегледи

Ако мислевте дека ќе има некое позвучно име на списокот на најплатени sвезди на YouTube, се излажавте.

Овогодинешната титула за најплатениот јутјубер му беше доделен на Рајан Каџи, деветгодишник чија задача е да ги распакува и проценува играчките.

Покрај каналот на ЈуТјуб, Рајан заработи 200 милиони долари и од низа играчки со неговото име и брендирани колекции облека.

Тој го отвори каналот на ЈуТјуб во 2015 година, откако видел неколку видеа на оваа страница, па ја прашал својата мајка зошто нема канал „кога сите други деца го имаат“.

Семејството Рајан, кое го смени вистинското презиме Гуан во неговото јутјуберско презиме Каџи, во моментов работи на девет канали на ЈуТјуб.

И покрај огромниот успех, Рајан и неговото семејство се соочуваат со истрага на американските федерални служби поради обвинувања дека спонзорите не се соодветно обележани.

„Скоро девет проценти од видеата во кои Рајан оценува играчки содржат барем еден производ наменет за деца од предучилишна возраст, за кој се плаќа да се препорача. Децата од предучилишна возраст не разликуваат рекламирање од прикажување играчка“, изјавија од организацијата за заштита на потрошувачите.

Слични содржини