Најпопуларниот музички пар прошета во „пижами“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
452 прегледи

Пејачката Камила Кабељо и пејачот Шон Мендез, моментално најпопуларниот млад пејачки пар, беа фотографирани за време на лесна, неделна утринска прошетка во Мајами.

Камила и Шон, кои се заедно повеќе од една година, а чија врска некогаш се шпекулираше дека е само добар маркетинг трик, прошетаа по улиците на Мајами во пижами, боси и со утринско кафе во рака.

Во американските медиуми, темата „холивудски гулаби“, кои во моментов имаат сè – стабилна врска, голема популарност и удобен, безгрижен живот, беше повторно пуштена во употреба.

Ова е ретка ситуација во која папараците успеаја да го фотографираат младиот пар, со оглед на тоа што избегнаа да се појавуваат заедно во јавноста уште од објавувањето на дуото „Сењорита“.