Листата на топ 10-темите е составена врз база на тоа колку често е спомената темата во постови наФејсбук од јануари до декември.
Најмногу дискутирана тема меѓу Фејсбук корисниците се претседателските избори во САД. Втората најмногу дебатирана тема се атентатите во Париз од 13 ноември, а на трето место е граѓанската војна во Сирија и миграцијата на бегалци.
Во листата фигурираат уште земјотресот во Непал, должничката криза во Грција, истополовите бракови, борбата против “Исламска држава”, терористичкиот напад во редакцијата на Шарли Ебдо во Париз, протестите во Балтимор, трагедијата во црква во Чарлстон и дебатата по повод знамето на Конфедерацијата.
Меѓу политичарите во светот најмногу зборувани на Фејсбук се американскиот претседател Барак Обама, милијардерот Доналд Трамп и бразилскиот претседател Дилма Русеф.
Најмногу дискутирани спортисти се боксерите Флојд Мејведер и Мани Пакиао.
Најпопуларниот филм на “Фејсбук” е “Војна на ѕвездите” и телевизиските серии “Игра на престоли. Лидер меѓу игрите е “ФИФА 2015”.