Џејкоб Ченсли се појави на суд за првпат откако беше обвинет за учество во немирите на Капитол Хил минатата недела.
Роден во Феникс, младиот човек исто така наречен Џејк Анџели, е еден од луѓето чиј изглед привлече внимание низ целиот свет затоа што беше исцртан со црвена, бела и сина боја и носеше рогови кога влезе во Конгресот.
Тој беше уапсен пред неколку дена, а за време на распитот не даде изјави за обвинувањата.
Неговиот адвокат објасни дека 33-годишникот не јадел откако е приведен во петокот на 8 јануари. Новинарката од „ABC15“, Мелиса Бласиус, објасни дека тоа е затоа што не се служи целосно органска храна во објектот каде што се наоѓа Ченсли.
Jacob Chansley, AKA Jake Angeli, Arizona man makes first court appearance in for charges related to storming the U.S. Capitol. His mom says he hasn’t eaten since Friday because the detention facility won’t feed him all organic food. @abc15 pic.twitter.com/doTLFal4At
— Melissa Blasius (@MelissaBlasius) January 11, 2021
Судијата изјавил дека ова откритие е „длабоко загрижувачко“ и побара од Ченсли да соработува со американски официјални лица за да можат да му набават храна што одговара на неговите навики во исхраната.
Неговата мајка беше во судницата и исто така објасни дека би било лошо за нејзиниот син ако јаде некоја друга храна.
Да потсетиме, пет лица го загубија животот во немирите што избувнаа на Капитол Хил минатата недела, а поради тоа на претседателот Доналд Трамп му се заканува отповикување од функцијата. За само неколку дена, ќе се одржи инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.